Дома Македонски спорт Мак ракомет Проблеми за Македонија – Маркоски во аут, Миркулоски неизвесен!

Проблеми за Македонија – Маркоски во аут, Миркулоски неизвесен!

Македонската ракометна селекција утрово ги продолжи подготовките во пресрет на последните два клучни натпревари во квалификациите за ЕП 2018 против Украина и Чешка.

Меѓутоа селекторот Раул Гонзалес се соочува со проблеми со повреди на двајца стандардни репрезентативци. Филип Миркуловски е неизвесен, а Велко Марковски и дефинитивно нема да настапи.

Маркоски со повреда пристигна на репрезентативниот собир, а денеска и дефинитивно е ослободен од обврските откако стана јасно дека нема да може комплетно да одговори на предизвикот.

Миркуловски, пак, заработи повреда за време на подготовките, сега е под посебен режим, но се очекува да собере сили и да им помогне на соиграчите на дуелите со Украина на гости во четврток и против Чешка в недела во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Митевска осма во олимпиското младинско финале на 100 метри во Дакар

Ева Митевска стигна меѓу деветте финалистки на Младинските олимписки игри и заврши на осма…