Дома Фудбал Англија Луда ноќ на Вембли: Фулам во Премиер лигата + 170 милиони евра

Луда ноќ на Вембли: Фулам во Премиер лигата + 170 милиони евра

Најскапиот натпревар во светот на фудбалот е одигран синоќа на Вембли, а заврши после 120 минутна борба и победа на Фулам со 2:1.

Освен самиот влез во ПЛ, овој натпревар му донесе на Фулам и 170 милиони евра, а на навивачите неопислива среќа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Брентфорд, барем според обложувалниците, имаше предност пред овој натпревар, но од друга страна имаше квалитетен и искусен поранешен премирлигаш.

Очекувано, немаше многу возбудувања во текот на 90 минути, главно екипите беа посветени на одбраната, што е и логично со оглед на големиот влог во овој натпревар.

На крајот одлучија продолженијата. Изгледаше дека ќе гледаме луда драма на пенали, но сепак падна погодок во 105. минута, пред екипите да заминат на пауза помеѓу двете продолженија.

Џо Брајан од 40 метри од левата страна изведе слободен удат, а топката на изненадување на сите актери во натпреварот – заврши во мрежата. На никој не му беше јасно како, но тој неверојатен погодок го врати Фулам во ПЛ.

Истиот играч во 117. минута по асистенција на Митровиќ зголеми на 2:0, а Брентфорд постигна утешен погодок во последните секунди од натпреварот.

Освен Фулам, во ПЛ се вратија Лидс и ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…