Дома Фудбал Според „Екип“ Зидан е најдобриот тренер на светот

Според „Екип“ Зидан е најдобриот тренер на светот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за најдобар на светот од страна на еминентниот француски весник „Екип“.

Насловната страница на весникот е посветена на оваа тема, откако „Екип“ спроведе анкета за најдобар тренер во светот во моментов.

Зидан во анкетата победи пред Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер Сити.

Французинот го предводеше Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и за ова време го освои Шпанското првенство и Суперкупот, три пати ја освои Лигата на шампионите, а исто така два пати ги освои УЕФА Супер купот и Светското клупско првенство.

Во мадридскиот клуб се врати во 2019 година и повторно оваа сезона ја освои шампионската титула во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со хет-трик го предводеше Илинден до осма победа во низа

Илинден го совлада Кул со 5-0 и остана со максимален учинок во скопската Трета лига. Давид…