Дома Фудбал Започна продажбата на карти за Суперкупот – можете да купите ОВДЕ!

Започна продажбата на карти за Суперкупот – можете да купите ОВДЕ!

Скопје на 8 август ќе биде домаќин на УЕФА Суперкупот каде за трофејот ќе се борат победниците од Лигата на шампионите Реал Мадрид, односно на Лига Европа Манчестер Јунајтед.

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се атрактивни клубови, па поради тоа интересот за карти за Суперкупот е огромен, не само во Македонија туку и во регионот.

Продажбата ќе оди преку УЕФА, дел од билетите ќе бидат поделени на двата тима, дел УЕФА ќе задржи за своите спонзори, а остатокот е предвиден за локалното население.

Продажбата на билети започне денес, а по тој повод ќе биде одржана прес-конференција во „Телеком арена“, во 18 часот, на која ќе биде соопштено како најлесно и најбргу заинтересираните ќе можат да стигнат до билет.

Гости на прес-конференцијата, покрај претставници на УЕФА, ќе бидат и Емилио Бутрагењо и Луис Саха како претставници на Реал, односно Манчестер Јунајтед.

Билети за Суперкупот можете да купите на следниот ЛИНК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…