Манчестер Јунајтед сакаше да се ослободи од Санчез, па на крајот Чилеанецот го пушти без никакво обештетување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека е постигнат договор и дека Санчез без обештетување од Јунајтед ќе се пресели во Интер.
„Интер и Јунајтед се блиску до договор за Алексис Санчез. Интер ќе добие неговиот договор трајно. Последните детали наскоро треба да бидат завршени.“ – напиша Романо на Твитер.
Оваа вест ги израдува навивачите на Манчестер, но сепак, некои коментираат дека Јунајтед морал да побара барем 10-15 милиони евра. Во меѓувреме, Црвените ѓаволи работат за ангажирање на Санчо од Борусија Дортмунд.