Дома Трансфер зона Артета носи три ѕвезди и прави „дрим-тим“

Артета носи три ѕвезди и прави „дрим-тим“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета сака да донесе три големи засилувања во својот тим за да ја изврши трансформацијата што тој ја посакува.

 Желбата на Шпанецот е да ја смени формацијата на игра и „топџиите“ да дејствуваат во формација 4-3-3, што е многу повеќе во согласност со фудбалската филозофија на менаџерот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според „Тајмс“, трите главни трансфер цели се Филипе Кутињо (Барселона), Томас Парти (Атлетико Мадрид) и Вилијан (Челзи). Друг приоритет е нов договор за најдобриот стрелец на тимот Пјер-Емерик Обамејанг.

Што се однесува до Вилијан и Кутињо се многу блиску до трансфер на „Емирати“, додека за Парти преговорите се започнати, но Атлетико сака да го задржи, па „топџиите“ ќе мора да ја платат откупната клаузула од 50 милиони фунти.

За да се дополни буџетот за трансфери и плати, клубот може да се раздели со девет играчи од сегашниот состав. Меѓу нив се Сократ Папастатопулос, Матео Гендузи, Лукас Тореира, Хенрих Мхитарјан, Сеад Колашинац, Шкодран Мустафи и Роб Холдинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…