Дома Фудбал Халанд откри до кога планира да остане во Дортмунд

Халанд откри до кога планира да остане во Дортмунд

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд кажа дека планира да остане во клубот додека не му заврши договорот во 2024 година.

Халанд во јануари пристигна во Дортмунд за 20 милиони евра, а од тогаш одигра 18 меча и постигна 16 голови. Норвежанецот во просек постигнува гол на секои 82 минути.

„Имам договор со Дортмунд до 2024 година. Моја цел е да освојам титула со екипата и така да го прославам успехот со навивачите“, кажа фудбалерот.

Дортмунд нема освоено титула од 2012 година, а Баерн Минхен веќе осум сезони по ред е шампион во Бундеслигата.

„Имаме квалитет да бидеме шампиони, но тоа не е доволно. Баерн игра импресивно, а ние мора да продолжиме со напорната работа доколку сакаме резултати и успеси“, вели Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…