Дома Фудбал Аталанта ослабена против ПСЖ

Аталанта ослабена против ПСЖ

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, потврди дека сигурно нема да смета на Јосип Иличиќ за натпреварот со ПСЖ во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Иличиќ е повреден и нема да се опорави до мечот против ПСЖ, што е голем удар за тимот од Бергамо во пресрет на историскиот натпревар за овој клуб.

„Разочарувачки е што во решавачките моменти од сезоната, треба да играме без дел од клучните играчи. Имавме месеци без Дуван Запата, сега Иличиќ е надвор од терените и колку повеќе време минува, толку е помала веројатноста тој да се врати во игра за натпреварите од Лигата на шампиони. Работиме напорно за да ја прилагодиме играта без Иличиќ“, изјави Гасперини.

Иличиќ блескаше оваа сезона до повредата, а на Валенсија и даде четири гола во осминафиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…