Дома Топ вести Манчестер Јунајтед почна преговори со Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед почна преговори со Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед повторно започнал преговори за привлекување на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај фактот што Пол Погба го промени мислењето и готово сигурно останува на „Олд Трафорд“, сепак Солскјер сака да го засили средниот ред со уште еден врвен играч.

Прв избор е 25-годишниот Србин кој одигра уште една фантастична сезона за Лацио и на 35 меча постигна 7 гола и запиша 5 асистенции.

Минатото лето римскиот клуб одби понуда од 90 милиони евра, но „црвените ѓаволи“ се надеваат дека сега поради финансиската криза Лацио ќе прифати и помала сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…