Манчестер Сити пред неколку недели со одлука на Судот за спортска арбитража му беше укината двегодишната суспензија во УЕФА натпреварувањата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
УЕФА претходно донесе одлука да го исфрли Манчестер Сити на две години од своите натпреварувања поради кршењето на финансискиот фер плеј.
Денеска е објавена листата на клубови од ПЛ кои на почетокот на март побарале на Граѓаните да им остане суспензијата и да не играат европски натпревари.
Арсенал, Барнли, Челси, Лестер, Ливерпул, Манчестер Јунајтед. Њукасл, Тотенхем и Волвс се клубовите кои имале идентичен став, но на крајот нивното барање не успеа.
Со одлука на CAS, Сити е вратен во ЛШ, а наместо првичната казна од 30 милиони евра англискиот клуб сега е должен да плати 10 милиони евра.