Искусниот српски дефанзивец Бранислав Ивановиќ е на чекор до враќање во Премиер лигата, тврдат медиумите од Островот.
Најголемиот дел од својата кариера Ивановиќ ја помина токму во Англија, каде скоро цела деценија со успех настапуваше за Челси, а последен клуб му беше тимот на Зенит.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со овој клуб Ивановиќ ја освои и титулата во Русија, но во меѓувреме стана слободен играч, па веќе почнаа шпекулациите за неговата нова средина.
Имаше шпекулации дека Бане може да се врати во Црвена Ѕвезда, но многу поверојатна опција е информацијата за интересот од Евертон и евентуалното враќање во ПЛ.
Актуелниот тренер на Евертон, Карло Анчелоти го познава Ивановиќ уште од времето во Челси, а преговорите наводно се во завршна фаза и наскоро се очекува официјализирање на соработката.