Раководството на Челзи не се откажува од намерата да ја донесе младата ѕвезда на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.
Според еминентниот новинар Фабрицио Романо, двата клува официјално ги стартувале преговорите за 20-годишниот Германец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сините“ сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот. Тие се спремни да ја платат бараната сума од 80 милиони евра, но само ако во неа се вклучени и бонусите.
Двете страни интензивно преговараат и се очекува во наредните денови да ги „испеглаат“ разликите.
Хаверц пред неколку недели ги договори личните услови со Челзи и чека „зелено светло“ за да простигне во Лондон на лекарски прегледи.
Official talks started between Chelsea and Bayer Leverkusen for Havertz.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 27, 2020
Chelsea want to complete the deal soon but would pay €80m fee only including add ons. Talks on to find an agreement. Personal terms agreed weeks ago. Kai is waiting. ? #CFC
?➡️ https://t.co/1FuWqAasqT