Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажуваат уште Баерн Минхен и ПСЖ.
Цената на Камавинга изнесува 50 милиони евра, па доколку Реал не ја плати таа сума во наредните недели, ПСЖ и Баерн Минхен се спремни да го „украдат“ пред носот на „кралевите“.