Дома Фудбал Италија Донарума ги отстрани сите дилеми околу својата иднина!

Донарума ги отстрани сите дилеми околу својата иднина!

Иднината на Џанлуиџи Донарума веќе подолго време е главна тема на Апенините, а со последната изјава младиот голман најверојатно ги отстрани сите дилеми.

Милан му понуди нов договор според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона и ќе биде еден од најплатените голмани во светот, но сеуште нема пристигнато официјален одговор до Донарума и неговиот агент Мино Раиола.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека рокот за донесувањето на конечната одлука истекува за два дена, а денес Донарума се огласи во италијанските медиуми и проговори за својата иднина.

„Сите знаат дека мојата желба е да останам во Милан. Во овој момент барам поголема куќа во градот за да живеам заедно со моето семејство. Мирен сум, сите страни кои се вмешани во преговорите ја знаат одлуката која ја донесов. Јас сум многу приврзан за боите на Милан. Мино и Енцо Раиола кои се мои агенти го знаат тоа“, изјави Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…