Тотенхем оваа сезона разочара и максимум може да заврши на 7-то место, а менаџерот Мурињо тврди дека ако имало повеќе натпевари ќе можеле да стигнат до 4-то место.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мурињо ги пофали своите играчи пред последното коло во Премиер лигата, но потенцираше дека „спринтот“ започнал предоцна.
Тотенхем може да обезбеди место во Лигата на Европа со победа против Кристал Палас денес или пораз на Волците против Челзи.
„За нас натпреварот со Палас е бараж за Европа, така што е многу важно. Големо финале на кое сите треба да се фокусираме. Ние сме во добра форма и жалам што немаме уште неколку натпревари до крајот на сезоната. Во моментов играме напорно, немаме повредени и изгледаме како топ 4 тим. Кога сме во таква состојба, ние сме многу добар тим. Се надевам дека ќе го докажеме тоа следната сезона“, истакна Мурињо.