Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах остави сомнеж за неговата иднина во клубот, откако стана шампион на Англија.
Салах придонесе со 19 голови за првата титула на тимот од Мерсисајд по 30 години, но не сакаше категирично да потврди дека останува во Ливерпул.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Сега сакам да уживам во моментот. Никој не знае што ќе се случи во иднина. Ќе видиме. Ја освоивме Лигата на шампионите, ја освоивме Премиер лигата, јас сум среќен. Ќе видиме што ќе се случува во иднина, но јас сум многу среќен од освојувањето на овие трофеи, рече Салах.
„Нема никаква тајна за успехот. Не верувам во тајните на фудбалот. Верувам во сработеното. По пристигнувањето на Клоп, првото нешто што тој се обиде да го направи беше да го смени менталитетот на играчите и да ги натера да размислуваат како победници. Тој се справи одлично“, додаде Египќанецот.