Дома Фудбал Италија Милинковиќ-Савиќ стави крај на шпекулациите за трансфер

Милинковиќ-Савиќ стави крај на шпекулациите за трансфер

Милинковиќ-Савиќ синоќа одигра уште еден фантастичен натпревар и со својот гол му донесе победа на Лацио против Каљари.

Со победата Лацио обезбеди пласман во Лигата на шампиони после цели 12 години, а тоа најверојатно ќе го премисли Милинковиќ-Савиќ да остане на „Олимпико“.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


За Србинот постои огромен интерес од многу европски гиганти, но тој даде до знаење дека ова лето не размислува за трансфер.

„Мојата цел од првиот ден тука беше да играм во Лигата на шампионите со Лацио, сега конечно успеавме да го оствариме тоа. Среќен сум тука и фокусиран сум само на Лацио, имам долг договор, останувам. Мојот агент нека размислува за одмор“, изјави Милинковиќ-Савиќ.

25-годишниот фудбалер има договор со Лацио до 2024 година, но останува да се види какви понуди ќе добие клубот во наредните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал најдобар млад играч на светот, Луис Енрике најдобар тренер, Донарума голман

Вечерва е церемонијата за доделување на “Златната топка” во избор на Франс Фуд…