Дома Топ вести Милан испрати понуда за Киеза

Милан испрати понуда за Киеза

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Фиорентина започнале преговори за голема трампа која треба да се сличи ова лето.

Пандемијата со коронавирус предизвика големи финансиски загуби кај клубовите, па ова лето ќе гледаме многу трампи на трансфер пазарот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Фиорентина е сериозно заинтересирана за Лукас Пакета, кој во Милан пристигна минатата година како големо засилување, но во последно време го загуби местото во првиот тим.

Моменталната цена на Бразилецот изнесува 30 милиони евра, а Милан на Фиорентина и нуди трампа и сака да го добие потописот на првата ѕвезда на „виолетовите“, Федерико Киеза.

Интерес за Киеза покажуваат многу европски клубови, но Фиорентина за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која тешко дека ќе биде платена ова лето.

„Росонерите“ се спремни да го понудат Пакета плус 30 милиони евра за потписот на Киеза, а преговорите се во напредна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…