Интер синоќа на Џузепе Меаца одигра нерешено со Фиорентина во рамките на 35. коло од италијанската Серија А.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во текот на целиот натпревар Интер доминираше, но не успеа да ја пробие одбраната на Фиорентина и со тоа ја пропушти шансата да се врати на второто место.
Тој резултат е изненадувачки, особено ако се земе во предвид дека Интер играше со клуб од долниот дел на табелата, но тренерот Антонио Конте не е загрижен поради тоа.
„Второто место за мене е безначајно, тоа е првото место за лузерите. Некој ќе се задоволи со тоа, но јас не, ниту сакам на моите играчи целта да им бидe да бидат втори.“ – изјави Конте после натпреварот.
На врвот во Серија А е Јувентус со 80 освоени бода и натпревар помалку. Аталанта е втора со 74, додека еден бод помалку има третопласираниот Интер.