Дома Фудбал Пресврт на Сан Сиро: Милан го раскина договорот со Рангник, Пиоли останува

Пресврт на Сан Сиро: Милан го раскина договорот со Рангник, Пиоли останува

Раководството на Милан одлучи да го раскине договорот со германскиот стручњак Ралф Рангник.

На клупата на Сан Сиро останува Стефано Пиоли. Тој ќе ја продолжи соработката до јуни 2022. година, а до оваа ситуација дојде после одличните игри и резултати на Росонерите во вториот дел од сезоната.

На крајот Пиоли е најголемиот победник. Многумина го отпишаа, но одличното водење на тимот на крајот му донесе нов договор.

Рангник ќе остане во Лајпциг каде има улога на генерален менаџер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…