Дома Фудбал Познат тренер седнува на клупата на Барса за една сезона, а потоа доаѓа легендата на клубот

Познат тренер седнува на клупата на Барса за една сезона, а потоа доаѓа легендата на клубот

Кике Сетиен наредната сезона веројатно нема да ја предводи екипата на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на каталонскиот клуб наводно веќе одлучило на Сетиен да му врачи отказ по завршувањето на ЛШ, а веќе се знае кој може да го наследи на клупата.

Првата желба на Барса е клупската легенда Чави, но најверојатно ќе мора да почекаат до следното лето, па Каталонците се во потрага по тренер кој е подготвен да прифати ангажман на една сезона.

Л’Екип тврди дека легендарниот француски фудбалер Лоран Блан го прифатил повикот да биде привремен тренер на Барселона во следната сезона, а после тоа екипата ќе ја преземе Чави.

Блан веќе четири години е без работа. Во кариерата беше тренер на Бордо, репрезентацијата на Франција и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле: Меси е најдобар во историјата, може повторно да го освои Светското првенство

Крилниот напаѓач на Пари Сен-Жермен Осман Дембеле (29) смета дека неговиот поранешен соигр…