Дома Топ вести Барса на чекор од засилување на деценијата – ќе искешира 100 милиони!

Барса на чекор од засилување на деценијата – ќе искешира 100 милиони!

Италијанските медиуми потврдија дека агентот на Верати, Ди Кампли денес во Милано имал состанок со спортскиот директор на ПСЖ Хенрике, а тема на разговор била иднината на плејмејкерот.

Имено, Верати на маса има понуда од Барселона и го притиска францускиот клуб да му дозволи да замине на „Камп Ноу“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Газета дело Спорт“ пишува дека агентот на играчот, Донато ди Кампли на лидерите на ПСЖ им презентирал понуда од 100 милиони евра во име на Каталонците.

Весникот додава дека Барса на фудбалерот му нуди годишна плата од 10 милиони евра, односно 4 повеќе од она што Италијанецот го заработува во моментов на Паркот на Принцовите.

ПСЖ не сака да се откаже од играчот и ќе му понуди нов договор со истите цифри како Барселона, па останува да видиме каква ќе биде крајната одлука.

Покрај Барселона, интерес за Италијанецот покажуваат уште Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…