Депортиво Ла Коруња која во минатото настапуваше во Лигата на шампиони, сега ќе мора да игра во третата лига. Тие требаше да се борат за опстанок, но не успеаја да го одиграат мечот против Фуенлабрада.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ковид-19 направи големи проблеми во Фуенлабрада, во која има 12 заразени лица, а со одлука на раководството на лигата, мечот беше одложен, што предизвика револт во Депортиво.
Депортиво поведе иницијатива за да се поништи лигата, но тоа дефинитивно нема да се случи, па екипата ќе мора да се помири со фактот дека следната сезона ќе игра во третиот ранг од натпреварувањето во Шпанија.
Освен нив, од Сегудна испаднаа и Нумансија, Екстрамадура и Сантандер, додека Хуеска и Кадиз директно влегуваат во Ла Лига.