Италијанската водителка Дилета Леота и една од најзгодните жени во Италија повторно е во центар на внимание поради најновото видео со шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.
Згодната Дилета неодамна сними реклама со фудбалската sвезда и напаѓачот на Милан, а сега објави кратко видео од уште една средба со Ибра на една од локациите во Милано на „Тик Ток“, која предизвика бура на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дилета воодушеви со привлечни танцувачки потези, а Ибра со насмевка на лицето го следеше секој нејзин потег и аплаудираше.
„Златан одобрува“, напиша Леота, па така тие ја продолжија добрата меѓусебна соработка, зашто веќе заедно снимаа неколку реклами.