Тренерот на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја повика меѓународната заедница да го поддржи референдумот за независност на Каталонија, што шпанската влада го смета за нелегален.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Гвардиола го прочита манифестот на собирот на неколку илјади поддржувачи за каталонска независност, кои се собраа денеска во Барселона.
„Демократијата во Европа и во целиот свет треба да стојат зад нас, бидејќи ние ги браниме нашите права за слобода на политичко изразување и правото на глас”, рече поранешниот тренер и фудбалер на Барселона, Пеп Гвардиола.
Претседателот на каталонската влада Карлес Пучдемон во петокот го закажа референдумот за 1 октомври.
Премиер Маријано Рахој се противи на референдум и рече дека тој ќе го спречи.
Според анкетите 44,3 проценти од Каталонците се за независност, а 48,5 отсто се против, додека 73,6 отсто се да се распише референдум.
За референдумот, но не и за независност се и а левичарските партии, синдикати, бизнисмени, како и на фудбалскиот клуб Барселона.