Дома Фудбал Лига на шампиони Верувале или не, Меси избран за втор најдобар играч на Барселона, Гризман на дното

Верувале или не, Меси избран за втор најдобар играч на Барселона, Гризман на дното

Барселона добар дел од сезоната не беше на своето ниво и поради тоа ја загуби титулата во Ла Лига.

Каталонците после враќањето од паузата поради коронавирусот одиграа неколку лоши натпревари, а Реал Мадрид го искористи тоа и ја освои титулата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Каква сезона е зад Барселона, иако се уште не е завршена, најдобро покажува анкетата на Марка каде навивачите за најдобар играч во сезоната го избраа Марк Андре тер Штеген.

Меси се најде на второто место, а интересно е што третата позиција му припадна на Ансу Фати. Големото засилување на Барса, Антоан Гризман се најде на 18. позиција за најдобар каталонски играч.

Барселона ќе се обиде да ја спаси сезоната во ЛШ, каде во осминафиналето ќе се сретне со Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…