Дома Фудбал Останато Шпанците тврдат: Барселона донела одлука за Сетиен

Шпанците тврдат: Барселона донела одлука за Сетиен

Вчера шпанските медиуми пишуваа за состанок на шефовите на Барселона со тренерот Кике Сетиен, а денес тврдат дека и го знаат исходот од тој состанок.

Според информациите на тој состанок била донесена одлука за иднината на Сетиен во Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа таа одлука била само привремена. Наводно, во Барселона кога титулата во Ла Лига веќе ја изгубија решија да му дадат шанса на Сетиен до крајот на сезоната па потоа да се решава што понатаму.

Во јавноста и помеѓу навивачите на Барселона преовладува мислењето дека Сетиен треба да биде отпуштен, меѓутоа останува да видиме како ќе се одвиваат работите. Барселона ја чека Лигата на шампионите во август каде што има 1:1 од првиот натпревар со Наполи.

Како можни наследници на Сетиен во медиумите се споменуваат Покетино и Лоран Блан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…