Дома Фудбал Италија Михајловиќ: Не може да се поништуваат голови затоа што некој е со носот во офсајд

Михајловиќ: Не може да се поништуваат голови затоа што некој е со носот во офсајд

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ повика да се променат правилата за офсајд истакнувајќи дека нема смисла да се поништуваат голови затоа што некој е „носот во офсајд“.

Поранешниот селектор на Србија за конференцијата за медиуми пред гостувањето на неговиот тим во Милано истакна дека според него треба да се промени правилото за офсајд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека потребно е многу повеќе од толеранција бидејќи нема смисла да се поништуваат голови затоа што на некој носот му е во офсајд или рамото, навистина е премногу, иако правилата се јасни“.

„Според мое мислење тоа треба да се промени. Потребно е да се најде нешто подобро. ВАР е прецизен, сигнализира дури и милиметар, некогаш тоа ви помага, некогаш ви одмага, но мораме да се прилагодиме. Се надевам дека нешто ќе се промени во иднина“, изјави Михајловиќ.

Натпреварот помеѓу Милан и Болоња од 34 коло во Серија А се игра вечерва во 21:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…