Големо разочарување владее во таборот на Барселона после загубената титула, а сметката за тоа најверојатно ќе ја плати Кике Сетиен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од Сетиен многу се очекуваше кога доби прилика да го превземе гигантот од Каталонија, но само шест месеци подоцна се наоѓа на излезни врати и изгледа дека само прашање на време е кога ќе добие отказ.
Раководството најверојатно ќе му дозволи да ја доигра сезоната и да се обиде да ја освои Лигата на шампиони, но веќе размислува за нов тренер.
Може да се случи и Сетиен да не ја води Барселона во август против Наполи во Лигата на шампионите, односно да добие отказ во наредните денови.
Италијанските медуми пренесуваат дека прв избор на Барселона е Алегри и веќе стапиле во контакт со италијанскиот стратег.