Дома Трансфер зона Перез ги разочара навивачите: Мбапе? Ќе мора да почека…

Перез ги разочара навивачите: Мбапе? Ќе мора да почека…

Сопственикот на Реал Мадрид, Флорентино Перез после вчерашната победа на Реал Мадрид против Виљареал, триумф со кој „кралевите“ и официјално станаа шампиони помеѓу другото зборуваше и за можните трансфери ова лето.

Навобичаено за Перез тој најави дека Реал нема да прави скапи трансфери ова лето, а тоа воедно значи и дека Мбапе кој долго време се поврзува со трансфер во Мадрид летово нема да пристигне.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Заборавете на огромни трансфери летово. Не може во исто време да бараме намалување на платите од нашите играчи и во исто време да се расфрламе со милиони. Ова лето скапи засилувања нема да има. Мбапе? Ќе мора да почека. Реал кога-тогаш секако ќе се врати на трансфер пазарот, тоа ќе се случи кога пандемијата ќе дозволи“, изјави Перез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…