Тренерот на Барселона, Кике Сетиен имаше интересен настап откако каталонскиот клуб остана без титулата во Шпанија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сетиен ја призна одговорноста за лошите настапи во вториот дел од сезоната, но тврди дека сите мора да бидат самокритични.
„Самокритичноста мора да биде кај сите. Јас сум најодговорен, но убеден сум дека ќе бидеме сосема различен тим во натпреварот од ЛШ.“ – изјави Сетиен и додаде:
„Среќен сум поради многу работи. Многу напредувавме откако дојдов во клубот, но тоа не беше доволно да ја освоиме Ла Лига. Сепак, ова е спорт и работите некогаш не одат според планираното.“
Овој тренер со Барса има шанса да ја освои ЛШ, а останува да видиме каква ќе биде неговата судбина по крајот на сезоната.