После победата на Арсенал против Ливерпул од 2:1 во 36 коло од Премиер лигата менаџерот на „топџиите“ изрази загриженост дали клубот ќе има пари за нови играчи.
Арсенал покажува знаци на напредок. Не е дека ги има премногу, но „топџиите“ успеаа да се соберат и да остварат важна победа против новиот шампион Ливерпул кој изгледа како веќе да е на одмор. Арсенал и понатаму е во борба за Европа, а наредната година очигледно на клубот ќе му бидат потребни засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знам како ќе биде загрижен сум. За да изградиш екипа потребни се пари, не магија. Мораш да го унапредуваш квалитетот, да имаш квалитетни играчи, а потребен е и поголем број на играчи за да ги играте сите натпреварувања. Тоа е предизвик“, изјави Артета.
Минатото лето беше рекордно за Арсенал бидејќи е потрошено 135 милиони фунти. Николас Пепе чинеше 72 милиони фунти, а доведени беа уште Киеран Тирни, Давид Луиз, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба.