Дома Останати Авто Мото Хамилтон вчера постави рекорд кој тешко може некој да го сруши

Хамилтон вчера постави рекорд кој тешко може некој да го сруши

Многумина велат дека Хамилтон е успешен само затоа што го вози најдобриот болид, меѓутоа без оглед на тоа Британецот има импресивни статистички податоци.

Возачот на Мерцедес водеше од почеток до крајот на трката за Големата награда на Австрија и на крајот доминантно стигна до 85. победа во кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така, Британецот славеше најмалку една победа во 14. сезони по ред во Формула 1. Рекорд кој тешко може некој да го достигне. Првата победа ја запиша во 2007. година како возач на Мекларен.

Инаку, со вчерашната победа Хамилтон сега е на само пет победи од легендарниот Михаел Шумахер и само е прашање на која трка Британецот ќе го престигне Германецот.

Актуелниот светски првак овој викенд стигна до 89. пол позиција во кариерата со што дополнително го подобри и овој рекорд.

Нема сомнение дека Хамилтон е на вистински пат да стане најуспешниот возач во Формула 1 на сите времиња. До сега има пет светски титули, две помалку од Шумахер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Иџе покажа како се вози Ферари ридски патеки 🎥

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе објави видео на социјални…