Дома Останати Авто Мото Хамилтон: Среќен сум што повторно сум на подиумот

Хамилтон: Среќен сум што повторно сум на подиумот

Британецот Луис Хамилтон вчера ја забележа првата победа во новата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој во втората трка на стазата Ред Бул Ринг во Австрија победи пред тимскиот колега Валтери Ботас, а после трката изјави:

„Прво, сакам да му се заблагодарам на тимот и сите луѓе. Тимот заврши одлична работа со стратегијата, мое беше само тоа да го контролирам на вистински начин и да ја извозам трката.“ – порача Британецот и додаде:

„Среќен сум што им се вратив на победите после лошиот претходен викенд. Ова е голем чекор напред.“

Инаку, Хамилтон минатата недела на истата стаза заврши на четвртата позиција бидејќи доби казна од пет секунди поради инцидент пред крајот на трката.

Наредната трка во Формула 1 шампионатот се вози во Унгарија за шест дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…