Дома Топ вести Јувентус се договори со првото големо засилување!

Јувентус се договори со првото големо засилување!

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус постигнало договор со играчот за врска на Севиља, Стивен Нзонзи кој беше голема желба на тренерот Алегри.

Францускиот фудбалер беше еден од главните фудбалери на Севиља изминатата сезона, па го привлече вниманието на многу европски клубови, а посебно го имперсионираше тренерот на Јувентус, Алегри кој од раководството побара да биде донесен во Торино.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„Тутоспорт“, весник близок до „старата дама“ пренесува дека Јувентус веќе постигнал договор со Нзонзи, кој сака да се пресели во Италија, но проблем е сумата од 40 милиони евра, која ја бара Севиља за неговата слобода.

Шпанскиот клуб бара да биде плетена клаузулата, но „бјанконерите“ се надеваат дека откако постигнаа договор со играчот ќе моражат да ја намалат сумата и да го донесат во Торино за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гризман може да замина за ситница

Антоан Гризман во својот договор има клаузула според која летово може да го напушти Атлети…