Дома Фудбал Рагник во Милан ја носи ѕвездата на Лајпциг

Рагник во Милан ја носи ѕвездата на Лајпциг

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови двете страни ќе стават потпис на договорот.

Наводно Рагник сака во клубот да доведе 20-тина свои луѓе и тоа доволно зборува колку сериозно го сфаќа целиот проект.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Германецот ќе добие голем буџет за трансфери, а негова најголема желба е Марсел Сабицер од Лајпциг.

Австрискиот репрезентативец блеска во дресот на Лајпциг, каде пристигна токму по препорака на Рагник, кој сега сака да го донесе со себе во Милан.

Сабицер оваа сезона има 16 гола и 9 асистенции, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…