Дома Фудбал „Само играч кој би го собрал најдоброто од Меси и Роналдо би можел да се мери со Пеле“

„Само играч кој би го собрал најдоброто од Меси и Роналдо би можел да се мери со Пеле“

Легендарниот бразилски фудбалер Тостао истакна дека за него безпотребна е расправата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиеа бидејќи за него никој не може да се спореди со Пеле.

Тој ги истакна Меси и Роналдо како одлични индивидуалци, но посочи дека се далеку од Пеле.

„Меси и Роналдо се одлични индивидуалци, меѓутоа Пеле е подобар и од двајцата. Меси е спектакуларен, но не игра со глава како Пеле, а и не шутира подеднакво добро со двете нозе. Од друга страна и Роналдо е фантастичен ама и тој нема способноси како Пеле, посебно во пас играта“, смета Тостао.

Тостао посочи и каков играч би можел да се мери со квалитетите на Пеле.

„Единствено играчот кој би го собрал најдоброто од Меси и Роналдо би можел да се мери со Пеле“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…