Дома Фудбал Осминафиналните реванши од ЛШ ќе се доиграат на домашен терен

Осминафиналните реванши од ЛШ ќе се доиграат на домашен терен

Во петок ќе биде извлечен ждребот за четвртфиналето од Лигата на шампиони и тогаш официјално ќе биде објавено каде ќе се доиграат реваншите од осминафиналето.

Весникот „АС“ пренесува дека одложените натпревари ќе се доиграат според планот, на стадионите на кои требаше да се играат пред паузата.

Така Барселона, Манчестер Сити, Јувентус и Баерн Минхен ќе бидат домаќини во реваншите. Од УЕФА до последно се обидувале да ги убедат клубовите дека поразумно е да се одиграат на неутрален терен.

Планот беше да се доиграат во Португалија, една недела пред почетокот на завршниот турнир кој ќе се игра во Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…