Дома Фудбал Официјално: Чави останува во Катар

Официјално: Чави останува во Катар

Легендата на Барселона, Чави Ернандез и во наредната натпреварувачка сезона ќе го води тимот на Ал Сад од Катар.

Чави во јануари ја одби понудата да го преземе кормилото на „Камп Ноу“, а неодамна изјави дека е спремен да се врати во Барселона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, легендарниот фудбалер ја продолжи соработката со катарскиот клуб, па наредната сезона ќе остане во Ал Сад.

Се најавуваше дека Чави е најсериозна замена за Кике Сетиен, меѓутоа, неговиот кам-бек во Барселона нема да се случи за скоро време.

Во 2021 година во Барселона има претседателски избори, па Чави може да биде адут за некој од претседателските кандидати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бенфика го загуби мечот поради неверојатен автогол (ВИДЕО)

Бенфика не успева да пронајде победничка форма под Жозе Мурињо. Екипата на Каса Пја неочек…