Дома Фудбал Флик ја најави разделбата со Алкантара

Флик ја најави разделбата со Алкантара

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, беше горд на своите фудбалери, откако го освои германскиот Куп.

Баварците го совладаа Баер Леверкузен во финалето со што ја комплетираа двојната круна во Германија, а се уште се во трката за освојување и на Лигата на шампиони.

„Горди сме што го напуштивме теренот како победници. Се радувам што го постигнавме тоа. Она што тимот го постигна во последните неколку недели е сензационално. Ставот на играчите е едноставно фантастичен. Многу сум среќен. Начинот на кој се претставува тимот е исклучителен“, истакна Флик.

Во последните денови се погласно се зборува за заминувањето на Тиаго Алкантара.

„Кога си на одредене возраст и кога веќе си играл во клубови како Барселона и Баерн Минхен чувствуваш потреба да се пробаш и во друго првенство. Тоа е нормално и човечки. Јас сакам Тиаго да остане, но ќе покаже времето“, додаде Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…