Дома Фудбал Англија Ливерпул блиску до донесување фудбалер на Баерн Минхен

Ливерпул блиску до донесување фудбалер на Баерн Минхен

Во Ливерпул се уште се слави долгоочекуваната титула во ПЛ. Сепак, време е Црвените да се свртат кон иднината.

Јирген Клоп најави дека нема да има многу да троши ова лето, но Ливерпул секако мора да мисли на длабочина во екипата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Наводно, Црвените веќе имаа една желба за летниот преоден рок. Станува збор за играчот на Баерн, Тиаго Алкантара.

Шпански Спорт пишува дека Ливерпул не само што го посакува играчот, туку е многу блиску до реализација на трансферот.

Моментално се шпекулира дека Ливерпул за 29-годишниот играч мора да плати околу 35 милиони евра, што не е премногу за искусен и докажан играч.

Инаку, договорот на Алкантара со Баерн важи до следното лето.

Тиаго пристигна во Баерн од Барселона уште пред седум години, а од тогаш во дресот на Баварците одигра 230 натпревари, постигна 31 погодок и запиша 37 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…