Антоан Гризман во последно време не е многу среќен со својот статус во Барселона.
Французинот на Камп Ноу пристигна како големо засилување од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но оваа сезона не успеа да ги оправда очекувањата во каталонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последните натпревари Гризман најчесто е на клупата, а пред неколку дена во дербито против поранешниот клуб влезе во игра во 89. минута. Според многумина, тоа е понижување за Гризман од страна на тренерот Сетиен.
Јасно е дека на Гризман не му оди според планираното, па дури се шпекулираше дека не е во добри односи со Меси и Суарез.
Сепак, денешната објава на Инстаграм тоа го демантираше. Имено, Гризман објави фотографија од тренинг, а Суарез му остави коментар кој ги воодушеви навивачите на Барселона.
„Секогаш биди позитивен и гледај напред.“ – му порача Суарез на својот соиграч, на кој поддршката во овие моменти му е потребна.