Лерој Сане утрово ги мина лекарските прегледи и ги посети канлецариите на Баерн Минхен за финализирање на трансферот од Манчестер Сити.
Во овие моменти германскиот репрезентативец ги напушти канцелариите на Баерн, па се очекува во секој момент официјализација на трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Билд“ денес Сане нема да биде претставен како нов играч на Баерн, но најверојатно двата клуба ќе излезат со соопштение за трансферот.
Баерн Минхен на Сити ќе му плати 50 милиони евра за трансферот, а Сане ќе потпише 5-годишен договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Leroy Sané comes out after the meeting with Bayern bosses. According to BILD, there won't be an official presentation today [? @itstheicebird]pic.twitter.com/M74KpZQiAl
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) July 2, 2020