Диего Коста вчера јавно призна дека ова лето ќе го напушти Челзи и дека веќе бара нов клуб.
Имено, шпанскиот напаѓач призна дека менаџерот Антонио Конте преку СМС порака го известил дека нема да смета на него следната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова денес е главна тема во медиумите на Островот, кои меѓу другото ја открија и содржината на СМС пораката.
„Чао Диего, се надевам дека си добро. Ти благодарам што заедно поминавме една одлична сезона. Ти посакувам среќа за следната сезона, но не влегуваш во моите планови“, му напишал Конте на Диего Коста.
Медиумите пренесуваат дека оваа пораќа ќе го чини Челзи најмалку 10 милиони фунти, бидејќи сега цената на напаѓачот драстично се намали.