Дома Фудбал Сити европската судбина ќе ја дознае на 13 јули!

Сити европската судбина ќе ја дознае на 13 јули!

Манчестер сити на 13 јули ќе дознае дали ќе биде суспендиран од европските натпреварувања.

УЕФА го казни премиерлигашот со двегодишна суспензија поради кршење на финансискиот фер-плеј, а покрај тоа треба да платат и казна од 30 милиони евра.

Очекувано, раководството на англискиот клуб веднаш испрати жалба до Судот за спортска арбитража, па по тридневното сослушување минатиот месец, конечната одлука за судбината на тимот ќе биде донесена за 12 дена.

Пресудата во овој случај ќе биде јавно објавена на 13 јули и тогаш ќе биде познато дали Сити и официјално ќе биде исфрлен од Европа или казната на УЕФА ќе биде укината или намалена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо бара три милиони евра: Хетафе отпадна, саудиска понуда е во игра

Џејдон Санчо не ја прифатил понудата на Хетафе, а клуб од Саудиска Арабија е подготвен да …