Дома Останати Ракомет Червар најдобар тренер од екс-ју земјите за 2020!

Червар најдобар тренер од екс-ју земјите за 2020!

За најдобар тренер на екс-ју просторите за сезоната избран е Лино Червар. Во анкетата на специјализираниот сајт за ракомет „Балкан-Хендбол“ Червар доби најголем број на гласови.

Червар ја победи конкуренцијата најмногу поради тоа што го освои Европското првенство во 2020 година. Инаку ова е втор пат Червар да ја добие оваа награда. Претходно беше избран во 2014 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наградата се доделува од 2013, а од тогаш најмногу ја освојуваше Веселин Вујовиќ дури три пати.

НАЈДОБРИТЕ ТРЕНЕРИ:

2013 – Драган Аџиќ
2014 – Лино Червар
2015 – Веселин Вујовиќ
2016 – Веселин Вујовиќ
2017 – Веселин Вујовиќ
2018 – Велимир Петковиќ
2019 – Данило Брестовац
2020 – Лино Червар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид повторно домаќин на еден голем ракометен настан!

По неколкугодишна пауза, повторно ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Макед…