Англиските медиуми објавија дека играчот на Дерби, Андре Виздом, бил избоден со нож на улица во Ливерпул.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Виздом играше за Дерби во саботата, по што бил на посета на негов роднина во квартот Токстет и при одењето кон неговиот автомобил бил нападнат со нож и сега е во болницата во Ливерпул.
„Полицијата на Мерсисајд го истражува нападот, а клубот прави се да биде покрај Андре и неговото семејство. Поради тоа што на семејството во моментов најпотребен му е мирот, не треба да се очекуваат соопштенија за јавност, исклучок се само оние од полицијата и докторите“, стои во соопштението од Дерби.
Андре Виздом покрај за Ливерпул и Дерби играше уште и за Норвич и Салцбург.
Get well soon, Wis. ? pic.twitter.com/fjszWBcOzQ
— Derby County (@dcfcofficial) June 29, 2020