Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за можностите да го засили тимот ова лето.
Германецот уште еднаш истакна дека поради финансиските услови предизвикани од пандемијата Ливерпул нема да може да потроши големи пари на трансфер пазарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, Клоп смета дека три-четири фудбалери од младиот тим следната сезона може да се преселат во првиот тим.
„Пандемијата имаше големи влијание врз финансиите во клубот, па тоа ќе се одрази и на трансферите. Тоа е нормално. Можеби во подоцнежните месеци од годината, ако трансфер пазарот се уште биде отворен ќе донесеме некој играч. Меѓутоа, нашиот тим во моментов нема потреба од големи промени“, истакна Клоп.
„Не сакаме да трошиме милиони затоа што тоа е убаво да се направи. Имаме широк состав и треба да го искористиме тоа. Секој силен тим има проблем како да стане уште посилен, но тоа не се постигнува само со пари. Имаме неколку играчи кои можат да направат голем напредок следната сезона“, додаде Германецот.