Денес КФСМ ги објави заклучоците кои беа донесени на седницата на управниот одбор кој се оржа пред четири дена (25.06).
Во одлуките и дефинитивно се потврдува дека ТФТ и Струга ќе бидат новите прволигаши, додека од лигата ќе испаднат четири тима.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
СИТЕ ОДЛУКИ ДОНЕСЕНИ НА СЕДНИЦАТА:
- Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се доигра.
- за натпреварувачката сезона 2019/20 од Прва лига жени да не се прогласи шампион.
- Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Втора лига мажи да не се доигра.
- најдобро пласираните екипи од Исток и Запад, согласно моменталната ранг листа од Втора лига мажи од сезона 2019/20 да остварат влез во Прва лига мажи за сезона 2020/21.
- Согласно прогласената Вонредна состојба во државата поради пандемијата на Коронавирус COVID-19, согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 донесена од Владата на Република Северна Македонија со која беше стопирана секоја спортска активност во спортските сали, како и непредвидливоста на ситуацијата, се одлучува:
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги мажи (М18, М16, М15, М14, М13, М12) да не се доиграат. За сите младински лиги од машка конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
- натпреварувачката сезона 2019/20 од Младинските лиги жени (М18, М16, М14,) да не се доиграат. За сите младински лиги од женска конкуренција во натпреварувачката сезона 2019/20 да не се прогласуваат шампиони.
- Според моменталната состојба во табелите на М18 и М16 младинските лиги мажи, пред почеток на сезоната 2020/21, да се играат квалификациски натпревари за влез во првите лиги и тоа помеѓу последните 2 екипи од прва лига со првите 2 екипи од втора лига.
- Според сегашниот пласман во М14 младинската лига, првите 4 пласирани од Исток и Запад формираат лига од 8 екипи кои ќе ја сочинуваат Првата лига. Истата во следната сезона 2020/21 ќе биде финансирана од страна на КФСМ.
- Предлог систем за натпреварувачка сезона 2021/22 во Прва лига мажи. Последните рангирани 4 екипи од Прва лига од сезона 2020/21 директно да испаѓаат во Втора лига, а прворангираните 2 екипи од Втора лига директно да влегуваат во прва лига.
- Предлог за намалување на котизацијата на 5 рати за сезона 2019/20 од Прва лига мажи, поради предвремен прекин на лигата.
Појаснување: повеќе уплатените средства ќе се компензираат со стари долгови, казни или котизации за следна сезона. Предлогот беше усвоен со гласање 10-ЗА.
- Предлог систем за сезона 2021/22 и формирање Трета лига мажи.
Според рангирањето од Втора лига мажи од сезона 2020/21 првите 12 остануваат во Втора лига. Од останатите како и од ново пријавените клубови ќе се формира Трета лига. Во Третата лига да има ограничување на возраст до 20 години со најмногу 3 играчи над 20 години.
Предлогот беше усвоен со гласање 10-ЗА
Се даде напомена доколку има можност, истото да се направи и со Втора лига жени.
- Претседателот даде Информација дека КФСМ следната година 2021 ќе биде домаќин на Европско првенство за мажи до 16 години, А дивизија, кое ќе се одржи во Скопје. За време на одржување на ЕП ќе биде одржан и ФИБА тренерскиот семинар за добивање на ФИБА FЕCC тренерски сертификат. Семинарот е дел од 2-годишната обука на ФИБА на кои учествуваат 65 тренери од Европа.