Дома Фудбал Родригез: Реал не ме пушти во клубот во кој сакав да одам

Родригез: Реал не ме пушти во клубот во кој сакав да одам

Колумбиецот Хамес Родригез зад себе има скромна сезона во Реал Мадрид.

Се надеваше Родригез дека по враќањето од позајмицата повторно ќе успее да се наметне кај Зидан меѓутоа оваа сезона во Ла Лига одигра осум натпревари со скромен учинок – еден гол и една асистенција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес Родригез не крие дека одлуката да остане во Реал е една од најлошите во неговата кариера, но за тоа го обвинува и раководството на клубот.

„Минатото лето Реал не ме пушти во клубот во кој сакав да одам. Тие сакаа да одам некаде на друго место. Стануваше збор за многу добра понуда од еден шпански клуб на кој не сакам да го откријам името. Немав избор освен да останам во Реал. Мојот агент Жорге Мендеш ме извести кога дојде понудата од Кина за мене, но таму не сакав да одам бидејќи имав чувство дека има што да покажам уште во Европа“, изјави Родригез.

Договорот на Родригез со Реал има важност до летото 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…